Гроздановска на водечката позиција
Updated: Nov 16, 2021
15.11.2021 Noemvri Ponedelnik
КОЊИЧКИ СПОРТ – ПО НОЕМВРИСКИОТ ТУРНИР
На терените на Хиподром во Скопје, во организација на ККС Илинден, викендов се одржаа првиот Ноемвриски коњички турнир и четвртото коло од отвореното Лига-првенство во прескокнување пречки за 2021 година. На програмата беа два натпревара. Во првиот, „Одбери свој пат“, со височина на пречките од 0,9 до еден метар, победи Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо од клубот Бравадос, пред Леонида Гроздановска со грлото Силвано од КК Анималс и Силја Дуковска со грлото Нур од КК Анималс. Во вториот натпревар, „Растечки тешкотии“, со височина на пречките од 1/1,20/1,30 метар, со Џокер, најдобра беше Гроздановска со грлото Силвано од КК Анималс, втора заврши Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо од КК Бравадос, а трета е Меланија Атанасовска со грлото Калатус од КК Процес. Во генералниот пласман, по четирите кола прва е Гроздановска, втора Дуковска, а трета Аврамовиќ. До крајот остануваат уште вториот Ноемвриски коњички турнири и 6-то коло од Отвореното првенство на Македонија во прескокнување пречки за годинава, кои во организација на ККС Илинден ќе се одржат на терените на овој клуб во населбата Маџари, на 20 ноември.
Comments