Григор Копров со авторска песна на „Сплит 2023“
Утре вечер, петок- 30 јуни, на престижниот, можеби најдобриот фестивал од времето на некогашните екс- ју простори, кој се’ уште опстанува, „Сплитскиот фестивал“, талентираниот Теди Грубица ќе ја испее „Сунце и ја“, песна што ја потпишува нашиот реномиран автор Григор Копров, по текст на Роберт Пилепиќ и со аранжман на Владимир Дојчиновски.
Во богатата музичка биографија на фестивалот, настапуваа и победуваа најголемите имиња, најдобрите интерпретатори: Тереза, Оливер, Џибони, Дино Дворник, Љупка Димитровска, Маја Оџаклиевска, Мики Јевремовиќ, Мери Цетињиќ.., а Коров се натпреварувал со седум песни од кои публиката и денес ја памети „Да море зна“, што во 1986 година ја изведе Калиопи.
Инаку, неколкумина претставници од ова 63-то издание на Сплитскиот фестивалот, ќе настапат и на претстојниот „Охрид фест 2023“. Како што рече организаторот, големиот јубилеј, 30-тото издание на фестивалот ќе значи и збратимување и соработка со врвни музички фестивали во регионот.
Comments