Search
Греми-наградите, најверојатно, ќе бидат одложени
Светските медиуми навестуваат дека 64. доделување на наградите „Греми“, најверојатно, ќе биде одложено поради омикрон-варијантата на коронавирусот. Церемонијата во моментот е закажана за 31 јануари во Лос Анџелес во легендарната арена „Крипто. ком“, претходно позната како „Стејплес центар“. Тревор Ноа ќе се врати како домаќин на настанот. Извор изјави за „Билборд“ дека одложувањето се чини неизбежно и дека церемонијата ќе биде презакажена. Повеќе од 21.200 нови случаи на Ковид-19 беа пријавени во округот Лос Анџелес на 1 јануари, според податоци на локалниот центар за јавно здравје.
Comentários