top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Греми награди: Џон Батист со шест признанија, Оливија Родриго „откритие на годината“

Џон Батист доби шест признанија на 64. доделување на американските музички награди Греми во Лас Вегас.

Четири награди освои проектот Силк Соник на Бруно Марс и Андерсон Пак.

Поп ѕвездата Оливија Родриго беше прогласена за „откритие на годината“.

За најдобра рок изведба, признание доби бендот Фу Фајтерс за „Making a fire“. Бендот е награден и за најдобар рок албум.

„Jail“ на Кање Вест и Џеј Зи доби признание за најдобра рап песна, а за кантри песна, се награди „Cold“ на Крис Стаплтон.

Греми наградите, од 1959 година, ги доделува американската Академија за уметности и науки на рекорди (НАРАС).


1 view

Comments


bottom of page