top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Граници“ на Дита Старова Ќерими и Шкипе Мехмети во галерија КО-РА

18.12.2020 Декември Петок

„Граници“ е насловот на заедничката изложба на уметниците Дита Старова Ќерими и Шкипе Мехмети која ќе биде поставена во галеријата „КО-РА“ при Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје до 25 декември. „Ние исцртуваме граници на земјата и градиме ѕидови. Опкружени сме со ѕидови. Ова е свет на граници и ограничувања, а нашата култура е култура на разлики (поимот разлика мислен како негативно одредување, како услов за идентитет). Ѕидовите се околу нас, го делат просторот, го затвораат, нè опкружуваат, се вкрстуваат и сè разминуваат, се протегаат во недоглед, се шират на сите страни создавајќи непрегледен лавиринт. Нашиот свет е наш лавиринт. Непрекинатото и неуморно талкање низ лавиринтот во кој се губи помнењето сега добива насока што води надвор од лавиринтот кон излезот – кон неограничениот простор и непознатото. Уметноста е можна поради тоа што уметникот се осмелува да ги пречекори границите. Тој заминува на неизвесно патување во непознатото, зад границата на она што е видливо и познато. Храброста на уметникот да ги пречекори границите создава можност да се создаде уметничко дело. Овој проект е токму таков чин на храброст каде ликовните уметници Шќипе Мехмети и Дита Старова се обидуваат да ги пречекорат границите на познатото во своите дела и да се упатат кон некои нови и непознати предели на уметноста“, ќе посочи Емил Алексиев кон изложбата.

Посетителите изложбата на двете уметници ќе можат да ја погледаат секој ден освен понеделник од 9-16 часот со почитување на протоколите за заштита на јавното здравје.


0 views

Comments


bottom of page