top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Гран при за Петар Узуновски на ФАДФ „Камера 300“- Битола

25.10.2021 Oktomvri Petok

Петар Узуновски е добитник на наградата Гран при на годинешниот Фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола. Највисокото фестивалско одличје на Узуновски му се доделува за документарниот филм „Јонузов Мост“, а награда ќе му биде врачена на 29 октомври, соопштија од ФАДФ „Камера 300“.

Меѓународно стручно жири во кое освен македонски, членуваа и стручни лица од Романија, Шведска и Бугарија, одлучи златна „Камера 300“ да им додели на Јурген и Биргит Бергман од Германија за филмот „Микрокосмос“, сребрена „Камера 300“ на Диме Тапевски за филмот „Ресавска Пештера“, а бронзена „Камера 300“ на група автори од Бугарија кои го изработија документарниот филм „Направи сисам филм“.

„Фестивалот на аматерски документарен филм ‘Камера 300’ традиционално се одржува во предвечерието на празникот на градот ‘4-ти Ноември’, а годинава наградата на Општина Битола за најдобра камера ќе му биде доделена на авторот Франц Моге од Словенија за филмот ‘Клукајдрвец’, додека плакетата за режија која го носи името на Драги Савевски, годинава ќе биде доделена на Сергер Шутју од Русија за филмот ‘Летни приказни’“, посочува Стевче Хаџиантоновски од кино клуб „Студио Милтон Манаки“, организатор на фестивалот.

Организаторите одлучија специјални награди плакет да доделат на Томе Љушев и Хрстијан Кочовски од Македонија, Јан Хаутман од Холандија и на Џејмс Калмерс од Велика Британија.


1 view

Comments


bottom of page