top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Градоначалничката на Париз се вклучи во дебатата за Мбапе: Не разбирам каква игра игра ПСЖ…

Килијан Мбапе и Пари Сен Жермен долго време се во љубов, но секоја приказна има почеток и крај, па летово може да видиме нивна разделба.

Фудбалерот сака да го испочитува договорот кој му е со важност до 2024 година, но ПСЖ пак тоа не го сака од проста причина што би го загубил без никакво обештетување што за нив е удар со оглед на вложените средства во него во изминативе години.

Самиот играч одбива да потпише нов договор и сето ова придонесува да имаме вистинска „војна“, драма на која се придодадоа лудите понуди од Саудиска Арабија.

Има уште доста до крајот на летниот преоден рок и останува да се види дали ќе се постигне одредено решение, а во меѓувреме има различни коментари, а еден од нив беше на градоначалничката на Париз, Ане Хидалго кој реши да се влучи во дискусијата.

-Не разбирам каква игра игра ПСЖ. Мбапе е најдобриот играч на светот. Признавам дека ништо не разбирам. Килијан е извонреден играч, мора да се задржи во Париз. Мислам дека тоа беше и негова желба да остане што подолго. Прашањето е: што се обидува ПСЖ да направи ПСЖ?, -рече Хидалго.

ПСЖ е спремен да ја прифати понудата на Ал Хилал вредна 300 милиони евра, ама проблем е Мбапе кој не сака да чуе за таа опција.


1 view

Comentarios


bottom of page