top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Градоначалничката на Париз пред ЛОИ 2024: Учеството на руски спортисти е неприфатливо

Париз следната година ќе биде домаќин на Летните олимписки игри, а градоначалничката Ан Идалго го промени мислењето околу настапот на спортистите од Русија и Белорусија.

Меѓународниот олимписки комитет размислува да им дозволи на спортистите да се натпреваруваат под неутрално знаме, па иако и Идалго првично се согласила, сега вели дека ќе биде против таквиот предлог како локален организатор.

– Неутралното знаме беше воведено поради допинг скандалот и тоа беше избрано од спортистите.

– Во овој случај мислам дека тоа е неприфатливо. Не можеме да прифатиме овие спортисти да си парадираат како ништо да не се случува, а истовремено во Украина да паѓаат нови бомби, – изјавила Идалго.

Украинските спортисти веќе најавија бојкот ако се дозволи учество на спортисти од Русија, а добија поддршка и од сите скандинавски и балтички земји.


0 views

Comments


bottom of page