Гоце Седлоски селекторот на Македонската репрезентација: И се извинувам на македонската јавност, не знам дали е до мене или до фудбалерите за квалификации фудбал лига на нации 2026-2027 фото -видео
17.11.2026 Noemvri Vtornik
Македонската сениорска фудбалска репрезентација го загуби и последниот натпревар во Лигата на нации и тоа од селекцијата на Словенија која славеше во Скопје со 3-0.
Овој меч требаше да биде исчекор на она што го направивме против Шкотска во Глазгов, но наместо напред ние одново отидовме неколку чекори назад, доживеавме пораз кој боли и тоа на домашен терен каде во овој циклус примивме три гола и од Швајцарија, додека Шкотска не доби со 2-0.
-Како прво, морам да се извинам во мое име и во име на играчите за овие натпревари во ЛН кои ги одигравме без победа и со еден постигнат гол. Денешниот меч со Словенија, не знам што се случува, играме дома, без желба и без мотив. Примаме голови на наши грешки, после оној меч во Шкотска, мислев дека малку ќе се кренеме, но наместо тоа бевме лоши, -истакна селекторот Гоце Седлоски.
– Десет меча немаме победа и мора да се кренеме, да работиме за понатаму, за да дојдат тие победи. Уште ни се топли главите, ќе размислиме за понатаму како и што, со работа и анализи, сите фудбалски работи што треба да се прават, да дојдеме до посакуваните победи. Не знам дали е до мене или до фудбалерите, ќе покаже времето. Се извинувам за ваквиот настап во оваа Лига на Нации, додаде Седлоски.
Сега нашата селекција ќе ја очекува ждрепката за опстанок во Б дивизијата во ЛН.


Видеата преземени од порталот спорткси весникот и каналот на youtube Скок






Comments