top of page

Гоце Седлоски има една победа како селектор, се сеќавате ли на неа?

24.03.2026 Mart Vtornik

Гоце Седлоски е пред најголемиот тренерски испит во кариерата, затоа што со репрезентацијата на Македонија е во очекување на баражот за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Но, дали се сеќавате дека Гоце Седлоски еднаш ја имаше улогата на селектор? Тоа беше кога беше поставен како в.д. предводник на А-тимот во 2012 година. Нашата фудбалска легенда беше дел од натпреварот со Литванија, кој во Скопје го добивме со 1-0. Мечот се одигра на 15 август 2012 година, а го реши Горан Пандев кој успеа да постигне гол во 54. минута.

На пријателската средба тогаш настапија и Мартин Богатинов, Николче Новески, Бобан Грнчаров, Ванче Шиков, Иван Тричковски, Величе Шумуликоски, Горан Пандев, Стефан Ристовски, Јани Урдинов, Агим Ибраими и Стефан Спировски кои беа стартери, а од клупата влегоа Даниел Георгиевски, Ферхан Хасани, Томе Пачовски, Даниел Мојсов, Никола Глигоров и Мирко Ивановски.

Данска -МакедонијаГоце Седлоски е пред најголемиот тренерски испит во кариерата, затоа што со репрезентацијата на Македонија е во очекување на баражот за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Но, дали се сеќавате дека Гоце Седлоски еднаш ја имаше улогата на селектор? Тоа беше кога беше поставен како в.д. предводник на А-тимот во 2012 година. Нашата фудбалска легенда беше дел од натпреварот со Литванија, кој во Скопје го добивме со 1-0. Мечот се одигра на 15 август 2012 година, а го реши Горан Пандев кој успеа да постигне гол во 54. минута.

На пријателската средба тогаш настапија и Мартин Богатинов, Николче Новески, Бобан Грнчаров, Ванче Шиков, Иван Тричковски, Величе Шумуликоски, Горан Пандев, Стефан Ристовски, Јани Урдинов, Агим Ибраими и Стефан Спировски кои беа стартери, а од клупата влегоа Даниел Георгиевски, Ферхан Хасани, Томе Пачовски, Даниел Мојсов, Никола Глигоров и Мирко Ивановски.



 
 
 

Comments


bottom of page