Гофан за повлекувањето на „големата тројка“: Сите зборуваат дека ќе се случи катастрофа…
15.04.2022 April Petok
Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се тројца асови кои оставија и се уште оставаат голема трага во светот на тенисот, но полека годините ги газат и прашање е уште колку долго ќе можат да бидат на највисоко ниво.
Швајцарецот веќе одредено време е во „аут“ и останува да се види каков ќе биде кам-бекот, додека Надал и Ѓоковиќ се уште се конкурентни, нудат спектакл иако и тие имаа свои проблеми. Многумина се прашуваат каков ќе биде тенисот кога тие ќе се повлечат, доста и стравуваат за иднината на истиот, но според некогашниот седми светски рекет Давид Гофан се ќе биде во ред затоа што тоа е процес кој едноставно мора да се прифати.
-Секако дека ќе боли кога Федерер или Надал ќе ја завршат кариерата. Среќни сме што ја гледаме таа одлична генерација. Имав можност да играм против нив, па дури можам да кажам дека барем еднаш сите ги победив. Тоа е неверојатно.
-Но, не сум загрижен за иднината бидејќи ќе биде прилично интересно. Ќе има нови освојувачи на грен слем титулите, нови играчи на врвот кога ќе си заминат Рафа и Ѓоковиќ, а младите ќе напредуваат нереално брзо, како Карлос Алкараз. Можеби и Јаник Синер ќе биде многу успешен, -вели Гофан кој се потсети на тоа како луѓето се плашеле кога се повлекувале Пит Сампрас, Андре Агаси…
-Ќе има многу нови работи. По заминувањето на Сампрас и Агаси сите велеа дека доаѓа катастрофа. Но, видовте што се случи. Со Федерер и Надал се појави најдобрата генерација во историјата. Мислам дека е интригантно, -изјави моментално 47. играч во светот.
Comments