Готово е: Гвардиола го добива првото елитно засилување од редовите на Челси
- Aleksandar Santovski
- Jun 21, 2023
- 1 min read
Матео Ковачиќ на првиот собир со хрватската фудбалска репрезентација воочи Лигата на нации самиот соопшти дека дошло време за разделба со Челси, клуб кој за неговото заминување ќе инкасира 30 милиони фунти.
Оваа вест попладнево ја пренесоа сите познати англиски медиуми, а угледниот „Би-Би-Си“ излезе со детали и открива дека Челси ги договорил сите детали со Манчестер Сити.
Новиот европски шампион од прв момент беше во пол-позиција за ангажманот на фантастичниот хрватски играч за врска, кој без размислување дал зелено светло да се приклучи на тимот кој го тренира Пеп Гвардиола.
„Би-Би-Си“ открива дека Сити првично ќе плати 25 милиони фунти за реализација на трансферот, но Челси со сигурност ќе добие уште 5 милиони фунти во вид на бонуси.
Овој трансфер сигурно ќе изврши дополнителен притисок врз Илкај Гундоган кој размислува дали да остане во Сити, а од друга страна, Челси продолжува со ослободувањата на места во тимот, откако претходно се откажа и од Нголо Канте.

Comments