Горецка за „војната“ меѓу Баерн и Левандовски: Ќе биде најдобро…
Роберт Левандовски изрази јасна желба за заминување од Баерн Минхен, клубот на кој верно му служи од 2014 година. Тој има уште една година од актуелниот договор, но не сака истиот да го одработи или поточно сака нов предизвик во кариерата по повеќе од една деценија мината во Германија (претходно играше и за Борусија Дортмунд). Меѓутоа управата на „баварците“ засега е категорична и не сака да се ослободи од Полјакот што секако донесе одредена нервоза, реакција, зборови од двете страни што никогаш не е добро во ваква ситуација. Тоа добро го знае Леон Горецка кој се надева дека емоциите ќе се остават на страна и ќе се најде решение од кое сите ќе бидат задоволни. -Мислам дека генерално беше неверојатна успешна приказна за Баерн и Левандовски. И само за да и оддадам почит на таа приказна, би бил среќен ако двете страни ги извадат емоциите од неа и се обидат да најдат добро решение за сите вклучени, -порача кратко и јасно еден од најдобрите светски напаѓачи. Барселона се споменува како најсериозен клуб за неговиот потпис, но има и уште неколку тимови кои од позадина би можеле да се вклучат и ја искористат можноста за ангажман за полскиот репрезентативец.
Comentarios