top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Гордон проговори српски поради феноменалниот Јокиќ

Рано утрово се одиграа четири натпревари во НБА лигата, но целосната програма започна уште вчеравечер (недела по европско време) во која свое шоу одново имаше Никола Јокиќ.

Денвер беше во ужасна серија од пет порази на последните шест меча, но овојпат успеа да слави на тешкото гостување кај Бруклин и клучен за тоа беше Јокиќ кој го разигруваше својот тим.

Јокиќ оствари 28-ми трипл-дабл во сезоната со 22 поени, 13 скокови и 10 асистенции, а за тоа прв на теренот му честиташе Арон Гордон, и тоа на спрски јазик.

– Браво брате, браво, – се слушна во „Барклајс центарот“ во Њујорк.

Токму Гордон придонесе во победата од 102:108 со 10 постигнати поени, а најефикасен беше Портер со 28 поени.


0 views

Comments


bottom of page