top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Горазд Китановски е национален победник во слем поезија за 2021

Македонскиот национален победник во слем-поезија за 2021 година е младиот слемер и изведувач Горазд Китановски – Кени од Скопје. Кени ѝ е познат на македонската јавност по својот поетски перформанс на изведување и читање поезија во автобус на ЈСП во почетокот на годинава, како и по мултидимензионалниот перформанс посветен на Скопје (поезија придружена со пијано и изложба на мурали) во соработка со Филип Димишковски и Андреј Павлов – „Градот убав“, што се одржа во Музејот на современата уметност во рамките на „Белата ноќ“ во 2020 година.

Тој сеуште под импресии изјави дека е среќен поради наградата, која пак, ја добива во конкуренција на дваесетина слемери од Македонија. Второ место освои прилепчанецот Никола Дукоски, а трето битолчанката Валерија Дамчевска.

Традиционално, победникот ја претставува Македонија на Европското слем-првенство, на кое досега се натпреваруваа: Афродита Николова, Игор Трпчески – Трпче, Марија Грубор и Елена Пренџова.

Специјален гостин на вечерта беше данскиот поет Мартин Глас Серуп чии песни во препев на македонски и англиски јазик читаа Драгица Здравеска, Добрила Грашевска, Цветанка Колева и Билјана Волчевска. Вовед во настанот беше кратката промоција на стихозбирката “Пред некое време“ од Тихомир Јанчовски чии песни, покрај авторот, ги интерпретираа и Добрила Грашевска и Игор Трпчески – Трпче.

Инаку, на 11. Национален слем-натпревар кој викендов се одржа во Прилеп, се натпреваруваа дваесетина присутни слемер(к)и: Валерија Дамчевска, Габриела Стојаноска–Станоеска, Горазд Китановски – Кени, Дарко Гроздановски, Дафина ,,Даффне” Веселиноска, Дијана Петкова, Илијана Ѓоргиева, Ирена Јурчева, Корнелија Јосифова, Константин Карев, Марија Грубор, Марина Икономова Шокева, Никола Дукоски, Оливера Доцевска, Софија Тодороска, Тихомир Јанчовски и Цветанка Колева.

Националниот слем-натпревар истовремено го промовираше и слем-зборникот “11 години поетски слем Македонија 2021“.


1 view

Comments


bottom of page