top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Големиот пад го згасна сонот на Ѓоковиќ за „златен слем“

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ неочекувано беше поразен од Александар Зверев во полуфиналето на олимпискиот турнир во Токио со резултат 6-1, 3-6 и 1-6 по сетови.

Србинот убедливо го доби првиот сет и имаше еден брејк предност во вториот при резултат 3-2 во гемови, но потоа му дозволи на ривалот кој ја претставува Германија да ги освои следните осум гема. Зверев успеа да ја задржи предноста и да се пласира во финалето.

Зверев во мечот за златниот медал в недела ќе игра против Русинот Карен Хачанов кој во првото полуфинале беше подобар од Шпанецот Пабло Карењо-Буста со 6-3 и 6-3 по сетови. Поразените полуфиналисти утре ќе се сретнат во дуелот за бронзата.

Ѓоковиќ ја пропушти можноста сезонава да комплетира т.н. „златен слем“, со освојување на сите четири гранслем турнири (му преостанува уште САД опен) и златниот медал во поединечна конкуренција во Токио. Ваквиот подвиг досега не му успеал на ниту еден тенисер, додека кај дамите тоа го стори легендарната Германка Штефи Граф во 1988 година.

Српскиот тенисер ќе има можност да дојде до медал на ЛОИ и во конкуренција на микс-двојки, каде што денеска заедно со Нина Стојановиќ треба да игра против руската комбинација Аслан Карацев – Елена Веснина, во полуфиналето.


2 views

Comments


bottom of page