top of page

Голем удар за Австрија: Клучен играч ќе го пропушти СП поради повреда

02.06.2026 juni Vtornik

Австриската репрезентација се подготвува за настап на СП 2026, но селекторот Ралф Рангник на овој турнир нема да смета на еден од своите најважни играчи.

Кристоф Баумгартнер заработил повреда на вчерашниот пријателски натпревар со Тунис и поради тоа нема да биде подготвен за мундијалскиот турнир во САД, Канада и Мексико.

Зад Баумгартнер е веројатно најдобрата сезона во неговата кариера, постигна 17 голови и испорача 8 асистенции во дресот на РБ Лајпциг, но сега доживеа голем шок со повредата на десетина дена до почетокот на СП.

Иронијата да биде поголема, последната мускулна повреда Баумгартнер ја имаше дури во 2021 година, а последните две сезони пропушти само два натпревара и тоа поради повреда на главата.


 
 
 

Comments


bottom of page