top of page

Голем скок на најдобрата македонска тенисерка: Ѓорческа напредуваше 73 позиции на ВТА листата

19.08.2025 Avgust Vtornik

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа голем скок на најновата листа која ја објави Женската тениска асоцијација (ВТА).

Ѓорческа во изминатиов период имаше одлични изданија во Србија во Куршумлијска Бања каде играше две финалиња, настапи кои и овозможија напредок од дури 73 позиции. Таа со вкупно 247 поени сега е 282 рекет на светот со што се уште е далеку од нејзиниот најдобар пласман 170 место остварено на 12 јуни 2017 година.

Магдалена Стоилковска пак ја зазема 1425 позиција, додека во двојки Ѓорческа е 554 на планетава.

Кога се работи пак за самиот крем, врвот тука е Сабаленка пред Швјонтек кој триумфираше во Синсинати и Американката Гоф.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page