Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
НБА ѕвездата Рејџон Рондо е главна вест во сите американски медиуми, но поради погрешна причина. Кошаркарот на Кливленд со шампионски титули во својата кариера, одамна ја заврши актуелната сезона, а сега е обвинет дека и се заканувал со убиство на својата партнерка Ешли. Како што пренесуваат американските медиуми, Ешли ги прекинала Рондо и неговиот син додека играле видео-игри, а кошаркарот збеснал и ја уништил конзолата, за подоцна да впери пиштол во нејзината глава. Сопругата повикала полиција бидејќи Рондо постојано имал пиштол во својата рака, а сега таа и децата се под заштита од кошаркарот за кого се собираат докази за обвинение. Засега НБА ѕвездата не е уапсена, но тоа може да се промени наредните денови. Во изјавата за полицијата, Ешли открила и многу други детали поврзани со насилното однесување на Рондо, вклучувајќи го и лошиот однос со децата.
Comments