„Гол живот“, в сабота, во МКЦ
Десеттото издание на „Прво, па женско“ се затвора со перформансот „Гол живот“ на Оља Грубиќ и Виа Негатива, в сабота, од 19 часот. Перформансот ќе се одржи во денсинг-салата на Младинскиот културен центар. – Голите женски фигури бараат место во публиката, на сцената, покрај ѕидовите во просторот. Рендањето зеленчук има централна улога во перформансот: изведувачките рендаат моркови, тиквички и краставици во сексуално обележани положби. Жената е претставена како домаќинка и сексуален објект во еден чин, а во исто време, фрагменти од менталниот тек на изведувачот се расплетуваат паралелно со звукот. Перформансот е концепт и идеја на Оља Грубиќ.
„Гол живот“ нѐ повикува да размислиме што значи да се биде вид живо суштество во светот, да се има тело, услови за постоење, можност за живот. Идеологијата не е решение. Животот е надвор од тоа. Преку поетскиот јазик, „Гол живот“ ги визуализира интимноста на животното присуство на човечкото тело и динамиката помеѓу неговото физичко, ментално и емоционално постоење – соопштуваат од „Прво, па женско“. Билетите се по цена од 100 денари.
Commentaires