Search
Годишна изложба на ДЛУП 2022 во Прилеп
Дела на 20 уметници – членови на ДЛУП ќе бидат дел од годишната изложба на ДЛУП 2022 што ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во ликовната галерија на НУЦК Марко Цепенков во Прилеп.
– Одржувајќи го континуитетот на неуморна ликовна креација, членовите ќе го промовираат најновото сопствено творештво. Членовите се претставуваат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата страст. Културата е нешто што треба да има континуитет и одржување за да може да се пренесе на идните генерации. Па затоа преку уметноста се надевам дека ќе оставиме белег кој ќе биде од општествено и културно значење – вели Методи Исков, претседател на ДЛУП. Ка.М.
Comments