Годишна изложба на ДЛУМ во Мала станица
„Годишната изложба“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе биде отворена на 1 ноември, во Националната галерија, поточно во објектот Мала станица со почеток во 20 часот.
„Годишна изложба на ДЛУМ” претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број членови на ДЛУМ. Изложбата е потполно хетерогена, со обединувачки карактер виден во мноштвото на различни ликовни дела. Значењето на оваа изложба е големо во ликовно-историски контекст, бидејќи овозможува директен преглед и разбирање на тековните интереси и активности на членовите на ДЛУМ. Таа е неселективна, со цел да ги прикаже актуелните ликовни стилови и техники и да им овозможи на сите учесници, членови на ДЛУМ, јасно согледување на своето место во ликовниот простор на Македонија во период од една година“, се вели во најавата на изложбата.
ДЛУМ поддржувајќи го значењето на оваа изложба, секоја година, па и оваа, 2023, ќе додели четири награди: за сликарство, скулптура, графика и нови медиуми.
Comments