top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ГОДИНИТЕ НЕ МУ МОЖАТ НИШТО: Клинт Иствуд на 93 години режира нов филм/ФОТО

Познатиот актер, режисер и продуцент Клинт Иствуд во мај го прослави својот 93 роденден, но се уште работи напорно.

Тој го режира филмот „Поротник 2“, во кој, меѓу другите, играат британскиот актер Николас Хулт и австралиската актерка Тони Колет, пишува People.

Филмот се снима во американската сојузна држава Џорџија, а во филмот ќе настапи и канадско-американската ѕвезда Кифер Сатерленд и американската актерка Зои Дојч.

Новиот проект на живата легенда на американската и светска кинематографија е правен трилер чиешто дејствие следи поротник на судење за убиство кој сфаќа дека можеби ја предизвикал смртта на жртвата и мора да се фати во костец со дилемата дали треба да манипулира со поротата за да се спаси себеси или да ја открие вистината и да се предаде.

Ова ќе биде првиот филм на овој повеќекратен добитник на Оскари, по „Cry Macho“ од 2021 година.

Снимањето е продолжено откако многу филмски продукции беа запрени поради штрајкот на актерите во САД кој започна кон средината на јули и заврши неодамна.


1 view

Comments


bottom of page