Годинешниот Саем на книгата со 15.000 посетители
15.09.2021 Septemvri Sreda
„Издавачките куќи присутни на овогодинешниот Саем на книга изразија задоволство од концепциската поставеност, континуитетот на саемот и безбедните услови за негово непречено одржување. Интересот за читање на сите видови литература е во постојан подем во последните неколку години што ja покажува и бројката на посетители која и во овие пандемиски услови достигна 15.000. Саемот на книга по втор пат успешно се реализираше на отворен простор во комплексот на А1 Арена – СЦ Борис Трајковски“, соопшти организаторот.
На саемот се претставија над 60 изложувачи, се организираа бројни промоции на нови изданија и автори во Промотивниот центар и на штандовите на издавачите. За време на саемот на книга, се доделија и наградите од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), како и наградите од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).
„Дополнителен мотив за организирање на ваков настан е податокот дека домашните автори доаѓаат до израз, и радува фактот што младата популација и оваа година зазема значителен дел од вкупната бројка на посетители на саемот“, се додава во соопштението на организаторот.
Саемот е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.
Comments