top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Годинашната награда „МЕНАДА“ за „Марта Греам танцовата компанија“ од Њујорк

Советoт на фестивалот „Танц фест Скопје 2022“ ја додели годинашната наградата „МЕНАДА“ за врвни остварувања во областа на танцот на легендарната „Марта Греам танцовата компанија“ од Њујорк, САД.

Како што информираат организаторите, компанијата ќе настапи во рамки на осумнаесетото роденденско издание нa фестивалот и ќе и биде доделена на актуелната уметничка директорка на компанијата, Џенет Ајлбер, на сцената на Македонскиот народен театар на 20 април во 20 часот.

Марта Греам (1894 – 1991), американска танчерка и кореографка, во својот долг творечки век има создадено 181 претстава, како и своја танцова техника која е општо прифатена и по своето значење, обем и големина, споредувана со балетската класична техника на танцување. Уметничкото наследство на Марта Греам, се чува и се презентира на актуелната јавност, преку изведбите на нејзините дела, кои „Танцовата компанија Марта Греам“, заедно со подмладокот кој се претставува преку „Танцовата компанија Марта Греам 2“, ги претставуваат ширум светот. Компанијата е основана во 1926 година, период во кој Марта Греам живее и работи во мало студио во Карнеги Хол, во центарот на Менхетен.


1 view

Comments


bottom of page