Говенс останува во Македонија и ќе го носи дресот на Работнички
- Aleksandar Santovski
- Jul 29
- 1 min read
29.07.2026 juli Sreda
Кошаркарскиот клуб Работнички се пофали со договор со американскиот кошаркар Дарин Говенс, кој во новата сезона ќе го носи дресот на скопскиот тим.
Говенс имаше успешни настапи во дресот на ТФТ, по разделбата со составот од Тафталиџе се претпоставуваше дека ќе направи трансфер во посилна европска лига, но на крајот решил да го продолжи својот престој во Македонија.
– Работнички АД Скопје ја известува јавноста дека нов член на клубот, воедно и едно од најголемите засилувања за сезоната 2026/27, е Дарин Говенс.
– Говенс зад себе има богата интернационална кариера, настапувајќи во првенствата на Исланд, Израел, Грција, Унгарија, Белорусија, Русија, Франција и Македонија, а во Работнички пристигнува од редовите на ТФТ Скопје.Во својата кариера беше прогласен за MVP на Унгарската лига (2017), ја освои шампионската титула во Унгарија (2019) и настапуваше за репрезентацијата на Унгарија.
– Во минатата сезона на 26 одиграни средби просечно бележеше 11,3 поени, 3,2 скокови и 4,7 асистенции по натпревар.Говенс е висок 185 см, настапува на позицијата плејмејкер, покрај тоа ја покрива и позицијата бек шутер.Важи за искусен организатор на играта, одличен шутер и вистински лидер на теренот.Добродојде Дарин во црвено-белото семејство! – стои во клупското соопштение на Работнички.






Comments