top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Го избра новиот клуб: Манасков ќе работи под водство на Чави Пасквал

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков по крајот на оваа сезона си заминува од Веспрем со што ќе стави крај на унгарската приказна која траеше пет години.

Крилото пред одредено време најави дека неговата следна дестинација нема да биде враќање во Македонија или останување во Унгарија, па како што стојат работите веќе направил избор и во иднина ќе го носи дресот на Динамо Букурешт.

Според романски „ГСП“, Македонецот ќе биде едно од засилувањата за тренерот Чави Пасквал за наредната сезона. Досега Динамо ги потврди ангажманите на Станислав Кашпарек, Али Зеин, Андри Акименко и голманот Александру Букатару, додека во наредниот период тоа треба да биде направено со нашиот Деки, потоа Лазар Кукиќ од Бенфика и Жоао Педро Силва.

Манасков во досегашната кариера освен во Унгарија и Македонија има настапува во Германија каде беше дел од Вецлар и Рајн Некар Левен.


2 views

Comments


bottom of page