top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Го доби спорот: Ванеса Брајант инкасираше речиси 29 милиони долари за грозниот чин по смртта на Коби

Го доби спорот: Ванеса Брајант инкасираше речиси 29 милиони долари за грозниот чин по смртта на КобиКоби Брајант трагично го загуби животот на стартот на 2020-та година, а три години подоцна, вдовицата Ванеса Брајант конечно стави крај на судскиот спор кој самата таа го покрена против округот Лос Анџелес.

Сопругата на легендарниот НБА кошаркар побара мултимилонска отштета за грозоморниот чин на овластеница лица кои се нашле на местото на хелокоптерската несреќа, бидејќи во јавноста споделија фотографии од пеплосаните тела на загинатите, со што се предизвика дополнителен стрес кон семејствата и најблиските.

Ванеса го истера целиот процес до самиот крај и денеска пристигна вест дека Лос Анџелес ќе и исплати 28,5 милиони долари на вдовицата на Брајант, што е двојно повеќе од сумата која се споменуваше пред неколку месеци.

– Денеска успешно е завршената храбрата борба на госпоѓа Брајант, која побара одговорност од оние кои учествуваа во срамното и нечовечко однесување, – изјавил адвокатот на Ванеса, Луис Ли по донесената одлука на судот.

Крис Честер во хеликоптерската несреќа остана без својата сопруга и својата ќерка, па во одвена парница од онаа на Ванеса изнуди 20 милиони долари од округот Лос Анџелес.



2 views

コメント


bottom of page