Search
„Гладијaторите“ со нова победа се заграа за дербито со Вардар
25.09.2026 Septemvri Petok
Составот на ГРК Охрид ја забележа третата победа во низа во Суперлигата и на надобар можен начин го најави дербито со Вардар 1961 кое е на програмата наредната седмица во Скопје.
Популарните „гладијатори“ немаа никаков проблем во соочувањето со Прилеп кое го добија со 34:18. Ова беше соочување во кое фаворитот издоминира и го спушти противникот во двете полувремиња на едноцифрен број на дадени голови или поточно по девет.
Првите 30 минути завршија со резултат 18:9, вторите со 16:9.
Сега Охрид заедно со Еурофарм Пелистер се на делба на првото место на табелата.







Comments