top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Гичевска: Ги простудиравме ривалите со видео анализа, подготвени сме на тактички и физички план

Македонскиот национален тим е изграден од многу млади девојки, но има и такви како Леонида Гичевска која за свои 24 години веќе има извонредно интернационално искуство.

Левиот бек на Локомотива Загреб и македонската репрезентација се надева на добра претстава од сите репрезентативки на Европското првенство на кое сме домаќини, а кое го започнуваме утре со натпревар против моќната Франција.

– Се поблиску сме до стартот на првенството, а со тоа расте и возбудата во тимот. За сите нас е чест што ќе играме на едно вакво големо натпреварување.

– Да уживаме колку што можеме повеќе, да дадеме се до себе, да се бориме и да се прикажеме пред публиката во најдобро можно светло. Ако ни се укаже најмала шанса, да ја зграбиме и да ја искористиме за да поминеме во главната фаза.

– Како и секојпат, ги студиравме ривалите со видео анализа и добри сме на тактички план. Девојките кои играме во странство сме добри на физички план, а ракометарките кои играат во домашното првенство работеа на физичката подготовка и сега мислам дека сме подготвени и тактички и физички. Претходните две сезони играв во Франција, за мене тоа е најсилна лига во светот и забележав голем напредок од тие две сезони. За крај порака до фановите: Дојдете и бодрете не во што поголем број, се надевам дека заедно ќе ја израдуваме Македонија, – порача Леонида.


1 view

Comments


bottom of page