top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Гитара на Тејлор Свифт со автограм продадена на хуманитарна аукција за 120.000 долари

Гитара со потписот на Тејлор Свифт е продадена на хуманитарна аукција за борба против ракот за неверојатни 120.000 долари. Кантри-ѕвездата Тоби Кит беше домаќин на аукцијата 2023 OK Kids Korral, на која беа собрани 1,8 милион долари за децата што се борат со смртоносната болест, а инструментот на добитничката на „Греми“ привлече најмногу понуди. Лична вечера со Кит чинеше 70.000 долари, а риболов 80.000 долари. Гитара потпишана од суперѕвездите на кантри-музиката Тим Мекгроу, Кери Андервуд, Гарт Брукс и други достигна цена од 44.000 долари. Џо Бароу од „Бенгалс“, Стеф Кари од „Вориорс“ и Тајгер Вудс исто така понудија сувенири.



1 view

Comments


bottom of page