Search
Гитара на Ерик Клептон продадена за 625.000 долари на аукција
26.11.2021 Noemvri Petok
Еден среќен фан сега поседува дел од историјата на рокенролот со гитарата на Ерик Клептон од дебито на сцената со „Дерек и Доминос“, која се продаде за неверојатни 625.000 долари. Акустичната гитара „мартин Д-45“ од 1968 година првично се очекуваше да достигне цена помеѓу 300.000 и 500.000 долари од аукциската куќа „Џулиенс“ на дводневната аукција Icons & Idols: Rock & Roll, одржана во Лос Анџелес минатиот викенд. Акустичната гитара на Клептон заврши како најскапа ставка на аукцијата, а продажбата на целата аукција надмина 5 милиони долари. Рок-легендата свиреше на истата гитара за време на својот прв настап во живо со тогашниот негов бенд „Дерек и Доминос“ во театарот „Лицеум“ во Лондон на 14 јуни 1970 година.
Comments