top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Гитара на Дејв Грол од „Фу фајтерс“ на аукција

Гитарата на која свиреше Дејв Грол во еден од првите музички спотови на легендарната рок-група „Фу фајтерс“ од 1997 година, за песната „Monkey Wrench“, ќе биде понудена на продажба. Инструментот е од марката „греч вајт фалкон“, а првично бил во сопственост на американскиот гитарист Пет Смир.

Гитарата често се користела на нивниот втор албум „The Color And The Shape“, објавен таа година.

Се очекува гитарата да достигне цена меѓу 17.750 и 35.500 илјади долари кога ќе биде понудена на аукција од специјализираните музички аукционери „Гардинер Хулгејт“, со седиште во Вилтшир, на 7 септември. Гитарата се продава со полароид-фотографија направена од Смир, на која е снимена холивудската актерка Дру Баримор како свири на неа.

– Ова е многу интересна гитара, бидејќи е една од ретките во сопственост на „Фу фајтерс“, веројатно најголемиот рок-бенд на земјата во моментот, што некогаш излезе на јавна аукција – посочи аукционерот Лук Хобс.

„Monkey Wrench“ беше пробивниот сингл на бендот, а наедно и првиот на кој се појави тапанарот Тејлор Хокинс, кој трагично почина во март оваа година.

– Очекувам интерес од целиот свет. Фактот што се појавува во легендарното видео на бендот „Monkey Wrench“ ја прави најпривлечна за колекционерите и обожавателите – додаде Хобс.


3 views

Comments


bottom of page