Гилберт: Оваа година ќе биде битка на Ѓоковиќ против сите, тој веќе отиде…
Новак Ѓоковиќ има идеален почеток на оваа година во која прво славеше на турнирот во Аделејд, а потоа и на Австралија Опен каде испиша историја.
За Ноле тоа беше десетто славје во Мелбурн и вкупно 22 грен слем во кариерата со што се израмни на врвот со Рафаел Надал. Ова воедно му овозможи и да се врати на првото место на АТП листата и со тоа да најави пеколна сезона.
Според некогашниот американски тенисер и сегашен тренер, Бред Гилбрет оваа 2023 ќе биде години во која ќе гледаме битка на Ѓоковиќ против сите.
–Мислам дека дефинитивно ќе ја гледаме приказната на Новак против сите во оваа година. Ако морам да проценам колку грен слема ќе освои, би рекол дека ќе земе два и пол. Сè е подобро со 35 години, -вели Гилбер кој воедно смета дека Новак веќе успеал да достигне ново ниво на тенис.
-Претходно се беше околу Рафа, Федерер и Новак, тие меѓусебно се натпреваруваа по квалитет. Тие се туркаа еден со друг. Сепак, верувам дека Новак сега отиде на еден спрат повисоко, прилагодувајќи ги работите во неговата игра, Циципас, Алкарас, сите оние млади играчи кои го туркаат. Веројатно ќе му даде повеќе време во одредена смисла на неговата игра, -заклучи Гилберт кој има работено со Андре Агаси, Енди Родик, Енди Мари, Кеи Нишикори…
Comments