top of page
Search

Гидсел ја посочи главната причина за поразот на Данска: Тоа беше нашиот најголем проблем…



29.01.2024 Januari Ponedelnik

Селекцијата на Данска не успеа да стане европски првак или поточно на нивниот пат застана Франција која успеа да ја добие драмата во Келн и да слави со 33:31 по 70 минути игра.

Данците имаа свои моменти, минути и беа блиску до посакуваната цел, ама „триколорите“ како и во полуфиналето против Шведска покажаа карактер, сила која беше најпотребно и се изборија за продолженија во кои едноставно беа посвежи, подобри и се искачија на тронот на овој настан кој се играше во Германија.

-Многу сме разочарани, но Франција одигра неверојатен натпревар. Иако водевме во најголем дел, во првото полувреме направивме многу грешки. Во вториот дел почувствував дека тоа е нашата игра, особено на почетокот кога водевме со три разлика, но не успеавме да го задржиме водството. Мојот впечаток е дека Франција беше физички пресилна на крајот од натпреварот, навистина импресивна.

-Тие на крајот не ги загубија силите, иако натпреварот беше многу тежок. Не успеавме да се справиме со нивните големи пивотмени, тоа беше нашиот најголем проблем, не можевме да ги одбраниме. Неверојатни се, загубивме од фантастичен тим, порача Матијас Гидсел кој заедно со Мартим Кошта од Португалија беа најдобри стрелци на ова 16. европско првенство.


3 views

Comments


bottom of page