top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Германците ќе патуваат со воз поради критиките од јавноста

Германската фудбалска репрезнтација ќе одигра два важни натпревари во Лигата на нации, а на првиот ќе и биде домаќин на Унгарија во Лајпциг.

Наместо како вообичаено со авион, германската делегација ќе патува на оваа дестинација со воз, што се смета како реакција по критиките од јавноста за непотребно трошење пари и негативно влијание врз животната средина.

Пред две години, Германците користеа авион за рута долга 200 километри од Штутгарт до Базел, за што заработија многу критики, па сега федерацијата сака да го поправи впечатокот и да го неутрализира влијанието врз климатските промени.

Ханси Флик и неговите фудбалери ќе патуваат 300 километри од Франкфурт до Лајпциг со воз, а авионскиот сообраќај ќе остане резервиран за подалечните патувања.

Неодамна, сериозни критики за користење авион заработи и ПСЖ, откако јавноста не ја прифати позитивно одлуката со која францускиот првак мина делница од 385 километри со авион.


2 views

Comments


bottom of page