top of page

Германците бараат да се исфрли Белорусија од квалификациите за Европското првенство

Наредното Европско првенство во фудбал ќе се одржи во Германија во 2024 година, а во пресрет на ждрепката која е закажана за 9 октомври во Франкфурт домаќиниот на шампионат побара од УЕФА да ја исфрли Белорусија од квалификациите за овој турнир.

Министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер испратила писмо до првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин во кое бара Белорусија да биде санкционирана затоа што е сојузник на Русија во инвазијата на Украина.

Според Фезер фудбалот мора да ја исполни својата одговорна улога и да покаже обединет став против оваа форма на злоупотреба на човековите права.

Засега нема најави дека УЕФА ќе преземе мерки и ќе ја казни Белорусија.


 
 
 

Comments


bottom of page