Германски „Скај“: Баерн е подготвен да го продаде Кимих, но можат да го купат само пет клуба
- Aleksandar Santovski
- Mar 19, 2024
- 2 min read
19.03.2024 Mart Vtornik
Џошуа Кимих минува низ најтешкиот период како член на Баерн Минхен, па иако до пред една година во него се гледаше како на иден капитен и лидер на тимот, сега размислувањата во клубот одат во поразличен правец и можно е да дојде до разделба која се споменуваше и минатото лето.
Низ текот на годините, Кимих се разви во извонреден играч за врска и за него претставува пробмем што во последно време не игра на омилената позиција, а фактот што во Баерн се повеќе до израз доаѓа младиот Павловиќ може да предизвика прекина на една долга и убава врска исполената со успешни моменти.
Угледниот германски медиум „Скај“ информира дека водечките луѓе на Баерн веќе не го сметаат Кимих за недопирлив и дополнителен проблем е тоа што неговиот договор истекува во 2025-та година, па следново лето ќе биде последна шанса да се заработи посериозна сума за негова продажба.
Кимих на последните неколку меча игра како десен бек и мора да се признае дека понуди доста подобри партии отколку во средниот ред оваа сезона, па создавањето на партнерството Павловиќ-Горецка се поизвесно е дека ќе резултира со заминување на еден од играчите кои претставуваше симбол за баварскиот великан.
„Скај“ и угледниот новинар Флоријан Плетенберг информираат дека и самиот играч се повеќе ја разгледува опцијата за заминување, па доколку тоа се случи, се верува дека неговиот трансфер и неговата плата ќе можат да си ја дозволат само пет клуба.
Една од причините поради кои Баерн не му нуди нов договор е токму платата која изнесува 20 милиони евра по сезона, па „Скај“ смета дека во овој момент Џошуа можат да си го дозволат само Реал Мадрид, Барселона, Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити.
Comments