Германија се помачи со Белорусија, но ја запиша воведната победа на Европското првенство
14.01.2022 Januari Petok
Репрезентацијата на Германија наиде на жилав противник во првиот натпревар од Европското првенство кое се одржува во Унгарија и Слованчка.
„Панцирите“потешко од очекувањата, со 33:29 славеа против незгодната Белорусија која не се предаде без борба на овој натпревар.
Белорусите на самиот старт ги намачија своите противници и веќе во првата половина од првото полувреме поведоа со високи пет гола позитива (7:2).
До крајот на полувремето Германија се стабилизираше, ја намали негативата, па на пауза се замина со еден гол предност за Белорусија (18:17).
Во вториот дел, по воведните минути следуваше „експлозија“ на Германците ко во 41. минута вече имаа стабилно водство од четири гола разлика (25:21).
До крајот на средбата Белорусија не успеа да ја анулира оваа предност на Германија, па на крај „панцирите“ славеа заслужена победа.
Најефикасни поединци кај победничкиот тим беа Каи Хефнер и Марсел Шилер кои запишаа по осум погодоци, додека кај Белорусија одличен натпревар одиграа Никита Вајлупов и Владислав Кулеш кои запишаа по седум погодоци.
Comments