top of page

Германија и Холандија ги уништија ривалите за СП, Словачка и Полска во бараж

18.11.2025 Noemvri Vtornik

Германија и Холандија се новите две селекции кои го потврдија настапот на Светското првенство (СП) кое во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Германците во директна пресметка со Словачка беа немилосрдни и ги уништија конкурентите за првото место со 6-0 (4-0). „Панцирите“ демонстрираа моќ и не оставија ништо на случајноста, па како први во групата одат на Мундијалот, додека Словаците се во баражот. Лерој Сане беше двоен стрелец за Германија, а по еднаш погодија Ник Волтемаде, Серж Гнабри, Ридл Баку и тинејџерот Асан Оуедраого.

Сигурна беше и Холандија, која со 4-0 ја совлада Литванија и го завери првото место. За „лалињата“ стрелаа Тијани Рендерс, Коди Гакпо, Чави Симонс и Донел Мален. Од оваа група во бараж патува Полска, која со доцен гол го победи аутсајдерот Малта (3-2).

Чешка исто така беше немилосрдна како Германците и до врв ја наполни мрежата на аутсајдерот Гибралтар кого го совлада со 6-0 (5-0). Шест различни стрелци имаше на дуелот, тоа беа Давид Доудера, Томаш Чори, Владимир Коуфал, Адам Карабец, Томаш Соучек и Робин Хранац.

Во балканското дерби, Црна Гора дома со пресврт загуби од Хрватска. Домаќинот во Подгорица имаше 2-0, ама конечниот резултат беше 2-3. За Црногорците стрелаа Милутин Осмајиќ и Никола Крстовиќ, додека за Хрватите кои играа во комбиниран тим затоа што сигурен им беше пласманот на СП 2026, погодија Иван Перишиќ, Кристијан Јакиќ и Никола Влашиќ.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page