top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Гери Олдмен предводи тим на отфрлени шпиони во нова трилер серија

01.04.2022 April Petok

Трилер серијата на „Епл ТВ-плус“, Slow Horses („Бавни коњи“), нуди помалку гламурозен поглед на британските тајни служби фокусирајќи се на група несоодветни шпиони на MI5. Во серијата, адаптација на шпионски роман, глуми оскаровецот Гери Олдмен во улога на Џексон Лемб, брзоумен, но и невоспитан шеф на тим разузнавачи што се префрлени во административен оддел т.н. чистилиште за одбиени агенти по направени јавни грешки, како што е оставање доверливи документи во воз или спиење со сопруга на амбасадор. Меѓу нив е и Ривер Картрајт (Џек Лоуден), внук на пензиониран агент (Џонатан Прајс), кој неодамна компромитирал тренинг-мисија од висок профил. Заснована на првиот роман на Мик Херон во серијалот книги Slough House, серијата од шест епизоди следи пропаднати шпиони што извршуваат монотони секојдневни задачи и избегнуваат понуди за пијалак по работа. „Тоа е лик сместен во канцеларија… нема ништо заедничко со фантастичниот свет на Џејмс Бонд“, вели Олдмен. „Во својата суштина ова е еден вид канцелариска драма на работно место што се случува во светот на шпионажата“.



1 view

Comments


bottom of page