top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Герасимовски: Голем музички хепенинг на 10 октомври во Паркот на франкофонијата

Општина Центар најавува една нова музичка приказна која своевремено ќе стане обележје на центраци па и главниот град. „Нешто што ќе остане“ е музички хепенинг кој Општина Центар го организира за првпат и годинава тој ќе се случи на 10 октомври во Паркот на Франкофонијата со почеток од 19 часот.

Станува збор за концерт на кој ќе настапат ДЈ Чваре, Дани Димитровска, Тамара Тодевска, ДНК, Некст Тајм и Ди-џеј Фиц, а целиот настан ќе го води и збогатува Вера Јанковиќ.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека недостигаат културни манифестации кои будат насмевки и дружење кај луѓето затоа општината дава свој придонес за забава уживање и афирмација на македонската музика.

„Општина Центар, како најурбана општина се стреми да ја подигне културата на повисоко ниво и сака да даде свој придонес во афирмирање на македонската музика, брендирање на општината и нашата земја преку испишување на нова музичка приказна. „Нешто што ќе остане“ е таа приказна која ќе ни донесе нова свежина, нова енергија и позитивни чувства кои некако како да ги оставивме настрана. Верувам дека ова ќе биде почеток на една нова емоција на задоволство која недостигаше, ново обележје по кое ќе не препознаваат и нова традиција на општината. Затоа ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да одбележиме една нова приказна со „Нешто што ќе остане“, вели Герасимовски.


1 view

Comments


bottom of page