top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Георгиевски ќе се бори за злато на олимпискиот турнир во таеквондо

Дејан Георгиевски ќе се бори за златен медал откако се пласира во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо во Токио.

Македонскиот репрентативец го совлада Дон Кио Ин од Јужна Кореја со резултат 12-6 во полуфиналната борба. Георгиевски на тој начин го обезбеди првото одличје за Македонија на тековните Летни олимписки игри.

Тој ќе се бори за злато против Русинот Владислав Ларин во 14.45 часот со пренос на МТВ.


1 view

Comments


bottom of page