top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Георгиевски со лавовски чекор тргна кон ЛОИ 2024

ТАЕКВОНДО – СРЕБРЕН МЕДАЛ НА Г2-ТУРНИР

Македонскиот таеквондист, член на клубот Бутел од Скопје и на македонската репрезентација, Дејан Георгиевски (22), носител на сребрен медал од Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио лани, постигна голем успех на престижниот Г2 „Президент куп“, кој се одржа во Драч (Албанија), освојувајќи го сребрениот медал. Во категоријата над 84 кг, спортистот на Македонија за 2021 година оствари три победи и еден пораз. Георгиевски ги победи Гркот Спири Ангелопулос (12-11), Французинот Омар Ел (11-4), а во полуфиналето и Американецот Џонатан Хејли (11-6). Во финалето се сретна со стариот познаник, Русинот Владислав Ларин, со кого се сретна во финалето на ЛОИ во Токио. Ларин и овој пат победи, 22-4. – Овој сребрен медал на еден од најпрестижните таеквондо-турнири во светот, Г2 „Президент куп“ претставува огромен успех и патоказ дека Георгиевски оди во вистинската насока. За жал, во финалето повторно загуби од Русинот Ларин, но нашето мото е никогаш да не се откажеме од нашата врвна цел. Ова сребро носи 12,5 бода за Георгиевски и претставува лавовски чекор за следните Олимписки игри во Париз. Од другите наши натпреварувачи вреди да се спомне и победата на Филип Додевски во 1-то коло над олимпискиот шампион Салах Сисе од Брегот на Слоновата Коска, со 21-19 – вели тренерот на ТК Бутел, Дарко Костовски, кој заедно со селекторот на репрезентацијата, Борче Костовски, ги предводеше таеквондистите и е заслужен за овој успех.

Од другите македонски таеквондисти на овој турнир, Филип Стамнов (категорија до 80 кг) го победи Словенецот Тилен Алхамајер, но загуби од Гркот Агос Теликостоглу, Мирко Аврамовски (до 58 кг) е поразен од Украинецот Алексеј Јурко, а Дамјан Трајковски (до 87 кг) од Британецот Каден Чунингам. Додевски во истата категорија го совлада олимпискиот првак, а во 2-то коло загуби од Казахстанецот Смаил Дуисебај (9-13). Во женска конкуренција Милјана Рељиќ (до 62 кг) беше блиску до бронзен медал, откако ги елиминира Канаѓанката Леонарда Андриќ и Хрватката Бруна Вулетиќ, но потоа загуби од Русинката Јулија Зајцева. Анастасија Видинска беше поразена од Петра Столбова (Словачка), Фросина Рајковска (до 46 кг) од Шпанката Ана Хименез, Сања Поповска (до 57 кг) од Хрватката Хелена Кицема и Анамарија Георгиевска (до 67 кг) од Французинката Карина Јакубова.



2 views

Comentários


bottom of page