Георгиевски го одбрани домашниот терен и освои злато на силниот турнир во Скопје!
- Aleksandar Santovski
- Apr 8
- 1 min read
07.04.2026 April Vtornik
Олимпискиот медалист Дејан Георгиевски се прикажа во најдобро можно светло на домашно тло, па така денеска се закити со златен медал на силниот Г1 турнир во таеквондо кој се одржа во Скопје.
Салата „Борис Трајковски“ прими голем број надежни и докажани таеквондисти од различни земји, а најдобра вест беше тоа што Георгиевски ја оправда улогата на фаворит во својата класа.
Георгиевски запиша четири победи и покажа класа со претставата во финалната борба, откако претходно беше подобар и од тројца други предизвикувачи.
Дејан во првата борба го совлада Абдула Ал Магди од Австрија, потоа беше подобар од Иван Шапина од Хрватска кој е европски шампион, додека во полуфиналето беше подобар и од вториот Хрват, Паршо Вожиќ.
Во финалната битка во „Борис Трајковски“, нашиот претставник беше подобар од Илија Рудерман од Израел, па со освоениот златен медал покажа дека е цврсто решен во намерата да обезбеди нова олимписка норма за игрите во Лос Анџелес.






Comments