top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Георгиев го елиминираше Џебуадзе во првото коло на Светскиот куп

Велемајсторот Кирил Георгиев (2.594 рејтинг-поени, моментно 265-ти играч во светот), кој е единствениот македонски претставник на Светскиот куп (СК) во шах во Сочи, Русија (од 10 јули до 8 август), и се игра по нокаут-систем, го победи во 1-то коло со 1,5-0,5 белгискиот ВМ со грузиско потекло Александре Џебуадзе (2.488, рангиран 876-ти во светот).

Првата партија Георгиев ја доби со бели фигури во 36-от потег, а во втората ремизираше во 78-от во еднаква позиција. За пласманот во 2-то коло, тој заработи 3.750 долари, а таму утре го чека тежок ривал, 20-годишниот ВМ од Иран, Пархам Магсодло (2.698-рангиран 41-во светот), кој во 1-то коло беше слободен. Денес се играа тајбрејк-партиите од 1-то коло (18). Георгиев, досега боите на Македонија на СК ги бранел еднаш, во Триполи (Либија) 2004 година, но загубил во 1-то коло од Полјакот Александар Војткијевич со 0,5-1,5.

Двајцата финалисти во машка и трите најдобри шахистки ќе се квалификуваат на Турнирот на кандидатите во 2022 година за предизвикувачи на светските прваци. Во Сочи играат 206 шахисти и 103 шахистки, досега најмногу, порано играа 128 во машка и 64 во женска конкуренција.

Фаворити на отворениот турнир се актуелниот светски шампион, Норвежанецот Магнус Карлсен (2.847, рангиран прв во светот), Американецот Фабијано Каруана, Ерменецот Левон Аронијан, Холанѓанецот Аниш Гири, Русите Александар Гришчук и Сергеј Карјакин и многу други. Г.И.


2 views

Comments


bottom of page