top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Георги Шарески со интимен концерт “Дуети“ во Филхармонија

Во камерната сала на Македонската филхармонија, оваа сабота (20 ч), ќе биде одржан концерт, на кој во интимна атмосфера ќе биде претставена жанровски неограничената и автентична музика на еден од нашите најплодна и најнеобични композитори Георги Шарески.

Во рамките на концертот “Дуети“ ќе бидат изведени авторски композиции на овој наш музичар, кој дипломирал на Беркли и е со светска кариера, аранжирани за две различни дуо формации. Дуети за клавијатури и контрабас, во изведба на Џијан Емин и Оливер Јосифовски, двајца најдолгогодишни и најблиски соработници на Шарески, и интернационално етаблирани и реномирани македонски музичари. А во вториот дел се дуети за усна хармоника и гитара во изведба на Марко Јовановиќ, кој е еден од најпознатите европски мајстори на усната хармоника. Премиерно ќе биде изведена и музиката од новиот албум на дуото Шарески-Јовановиќ, насловен „Big Love” кој ќе биде објавен во февруари 2023.

Шарески е врвен џез музичар и композитор, кој особено внимание посветува на бојата на звукот и на аранжманите каде тој балансира музички помеѓу традициите во овој жанр, но и на иновациите. Зад себе има десетина албуми, настапувал на бројни светски џез сцени во различни формации… трио, квартет, квинтет.


1 view

Comments


bottom of page