Гвинет Палтроу се пензионира
Актерката Гвинет Палтроу ги изненади обожавателите со најновата одлука за својата кариера. Имено, 51-годишната актерка изјави дека решила да се пензионира и да исчезне од центарот на вниманието откако ќе ја продаде својата компанија „Гуп“. Инаку, Гвинет Палтроу активно глуми повеќе од три децении.
– Сè уште не сме подготвени да ја продадеме. Ми требаат уште неколку години – рече Палтроу. Таа додаде дека со задоволство ќе го направи овој потег откако ќе наполни 55 години, што ќе се случи во 2027 година.
– Буквално ќе исчезнам од јавниот живот, никој повеќе нема да ме види – изјавила Палтроу.
Таа истакна дека завршила со својот славен статус бидејќи повеќе не наоѓа задоволство во тоа. Актерката рече дека наместо тоа ќе ужива во креирање, соработка, освојување нови идеи, иновации, напредно размислување, стратегија, визија и други работи.
Гвинет Палтроу ја започна својата професионална кариера во 1989 година, а глумеше во филмовите: „Железниот човек“, „Плиткиот Хал“, „Вљубениот Шекспир“, „Седум“, „Големи очекувања“, „Ема“ „Поглед од врвот“ и многу други.
Comments