top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Гвинет Палтроу позира топлес во реклама за сопствен накит

Гвинет Палтроу позира топлес додека ја претставува својата нова линија накит, G Label. Актерката од „Вљубениот Шекспир“ речиси го засенува својот ѓердан – златен чокер од 2.500 долари – додека позира со десната рака нежно покривајќи ги голите гради. Фотографијата не само што го покажува телото на Гвинет (48), туку дава и увид во нејзината врска со ќерката Епл (17). Гвинет откри дека таа и Епл ќе добиваат нов пирсинг на секој роденден на ќерка ѝ „Секоја година на роденденот на Епл добиваме нов пирсинг – тоа е наша традиција. Таа беше голема инспирација за оваа колекција и ми помогна да ги рафинирам дизајните. Парчињата накит ги именував по неа и нејзините најдобри пријатели “, напиша Гвинет на веб-страницата на својот бренд Goop („ Гуп “) Гвинет, која ја дели ќерката Епл и синот Мозес (15) со поранешниот сопруг Крис Мартин, ја покажа својата елегантна колекција накит – ѓердани, обетки и прстени – облечена во различни комбинации.






1 view

Comentarios


bottom of page