top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Гвинет Палтроу веќе не е вљубена во глумата

10.12.2020 Декември Четврток

Гвинет Палтроу изјави дека намалила со снимањето филмови откако сфатила дека „не сака толку многу да глуми“. Единствените актерски појавувања на ѕвездата во последните пет години беа како Пепер Потс во три филма на Марвел, пренесува Би-би-си.

Таа рече дека тоа почнало да се случува по освојувањето на наградата „оскар“ во 1999 година, а „дел од сјајот на глумата исчезнал“ поради „интензивната изложеност во јавноста“. За ваквата состојба придонело тоа што Палтроу имала „навистина груб шеф“ во Харви Вајнстин, за таа да си го постави прашањето „дали ова е навистина мој приоритет“.

Нејзината последна главна улога во игран филм беше со Џони Деп во „Мордекаи“ во 2015 година. Оттогаш таа ја играше Пепер Потс во филмовите „Одмаздници“ „Бесконечна војна“ и „Завршна игра“ како и во „Спајдермен: Враќање дома“.

Таа исто така се појави во сериите на „Нетфликс“ – „Политичарот“ и „Лабораторијата Гуп“.

Палтроу освои „оскар“ за улогата во „Вљубениот Шекспир“, по што следува уште неколку впечатливи улоги. Таа за американското радио „Сириус екс ем“ изјавила дека нејзиниот живот го сменил курсот, откако постигнала успех во Холивуд.


4 views

Comments


bottom of page